По повод Денот на македонските рудари и Денот на Радовиш денеска во овој град ќе биде организирана музичка вечер.

Најдоброто од македонската музичка сцена ќе се сплоти во едно кога маестро Игор Џамбазов придружуван од Гуру Харе бенд ќе ги изведе своите најголеми хитови. Спектаклот започнува во 21:00 часот и ќе трае два часа, носејќи ги присутните низ три децении музички креации како „Хотел Македонија“, „Каква е оваа ситуација“, „Да си жив и здрав“ и многу други. Прославата ќе продолжи во 23:00 часот со настапот на екс-ју рок иконите Црвена јабука, велат организаторите.

Тие додаваат дека вечерта ќе биде вистинско музичко патување низ времето, посветено на сите љубители на добрата музика.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.