Најтажната песна на Тома Здравковиќ напишана е и само еднаш испеана за една Славица со руса коса и сини очи. Во прашање е песната „Букет бели рози“, која не е во редот на неговите најголеми хитови, но дефинитивно ја крие најтажната, вистинска приказна за неговата прва љубов, која починала пред да наполни 20 години.

Тома во Тузла, додека се уште бил непознат, ја запознал студентката Славица. Толку многу ја сакал, што мечтаел за заминување пред олтар со неа, но од нејзиниот дневник открил интимни детали за нејзиниот живот, поврзани со познати и непознати мажи, што го шокирало. Тома и Славица се карале и раскинувале, иако еден кон друг имале силни чувства.

Кога во 1963 пеел на Црногорското приморје, добил телеграма во која лекарот кој ја лекувал Славица го известил дека таа е тешко болна и дека сака да го види. Кога стигнал во Сараево, не можел да ја препознае, бидејќи имала 30 килограми помалку. Тома поради настапите не можел да остане со неа, а неколку дена подоцна  добил телеграма со која бил известен дека неговата љубов починала.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.