АјК Тарнер Џуниор, син на покојните музичари Ајк и Тина Тарнер, бил уапсен минатиот месец во Тексас под сомнение дека поседувал крек и се обидел да скрие докази, објави магазинот „Пипл“.
Полицијата во Алвин, Тексас, го уапсила 64-годишникот откако пронашла 1.7 грама крек-кокаин и 0.7 грама метамфетамин, дознава „Пипл“.
Ајк Тарнер Џуниор, кој исто така е музичар, е осуден на 18 дена затвор.
Инцидентот се случил пред да почине неговата мајка на 83-годишна возраст на 24 мај. Тарнер возел бел „форд фјужн“ од 2013 година кога полицијата го сопрела поради помал сообраќаен прекршок.
Како што пренесува „Пипл“, полицајците ја заплениле дрогата откако виделе дека Тарнер се обидува да ја проголта, но тие успеале да му ја одземат.
Тарнер моментално се наоѓа во затворот во округот Бразорија, одредена му е кауција од 70.000 долари.
Ајк и Тина Тарнер имаа четири деца. Тина го имаше синот Крег со саксофонистот Рејмонд Хил пред да се омажи за Ајк. Таа имаше уште тројца синови – Рони (57), кој е единственото нејзино дете од бракот со Ајк и неговите деца од првиот брак – Ајк Џуниор и Мајкл.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.