За да го избегне постојаното сексуално злоставување од нејзиниот очув Џери Твен, познатата кантри пејачката Шанаја Твен откри дека во младоста си ги покривала и си ги стегала градите за да не ѝ се гледаат. Сега 57-годишната музичарка, повторно ја отвори душата за физичкито и психичко малтретирање кое го доживеала во семејниот дом.

Ги криев и ги сплескував градите. Носев градници кои беа премали за мене, некогаш носев и по два за да се покриам и ништо на мене да не потсетува дека сум девојка. Така полесно поминував. Бидејќи, о Боже, страшно беше, не би сакале да сте девојка во мојата куќа, рече таа за „Сандеј тајмс“

Твен, која почнала да настапува кога имала осум години, вели дека се борела да ја прифати својата женственост поради ова злоставување.  Пејачката првпат напиша за ужасите низ кои поминала во нејзината автобиографија „Од овој момент“ од 2011 година. Во книгата Твен детално зборува и за случаите кога физички стоела меѓу родителите бидејќи се плашела дека очувот ќе ѝ ја убие мајката.

Ми требаше долго време да научам да се справувам со тој гнев. Не би сакал да бидеш некој што ќе ме нападне на улица затоа што е*ено ќе ти ја скинам главата, вели Твен.

Родителите на пејачката починале кога имала 22 години, но ѝ требале уште многу години да научи да го сака своето тело.

Можев да зборувам и да раскажам приказна за себе преку начинот на кој го движев телото, типот на ткаенината што ја носев, боите, на што беше фокусот. Никогаш не бев егзибиционист, тип што се истакнува како „погледни ги моите гради“. Тоа навистина бев јас прифаќајќи се сама себеси. Тоа беше еден вид метаморфоза, објаснува Твен.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.