Нашата празнична трпеза не би била комплетна без традиционална славска погача. Како што истакнува историчарката Дијана Васиљевиќ во разговор за „Она“, лебот како ритуален елемент наоѓа свое место и во балканските обичаи. Па во многуте обредни ритуали, како дел од христијанската традиција посебно место ќе најде славската погача.

Славскиот леб, односно погача се подготвува на ден пред празникот. На денот на празникот погачата се носи во црква каде свештеникот ја осветува со црвено вино и како таква се крши на толку делови колку што членови има семејството, вели Васиљевиќ.

Во средината на колачот, како и на четири места на работ, се става печат (т.н. печат-просфорник) со буквите ИС ХС НИ КА, што е кратенка од зборот „Исус Христос победник“ .

Останатите украси можат да бидат многубројни и различни, но оние кои се сметаат за задолжителни се: класје, птица, цвет, грозје, книга и буре. Тие се поставуваат во полињата меѓу краците на крстот.

Грозјето, бурињата и класовите ја симболизираат родната година, изобилството, богата трпеза, полните амбари и добрата жетва. Птицата го има значењето на Светиот Дух, мир и здравје, објаснува историчарката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.