Момче од Конектикат се здобило со тешки изгореници кога млад сосед полил тениско топче со бензин пред да го запали и да фрли во лицето на детето.

Доминик Кранкал (6) си играл во својот двор во Бриџпорт кога две години повозрасното момче го повикало да дојде до оградата. Доминик се приближил, а постарото момче полило бензин на тениско топче, го запалило со запалка и го фрлило кон детето, пренесува „Њујорк пост“.

Само што слезе по скалите, насилникот го повика по име и го намами зад аголот. За неколку секунди се врати врескајќи и велејќи: „Мамо, ме запалија! Ме запалија!“ – ги опишала болните сцени сестрата на момчето, Кајла Диган.

Кајла изјавила дека садистичкиот чин бил направен намерно и дека соседот во минатото го малтретирал нејзиниот брат.

Го поли тениското топче со бензин, зеде запалка, ја запали и му го фрли право во лицето на брат ми. Побегна од него и го гледаше како гори – додала сестрата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.