Она што е Меси или Роналдо во фудбалот, тоа е Саја Мајстор во светот на берберите. Токму тој на 18 јуни доаѓа во Скопје каде ќе одржи четиричасовно шоу во хотелот „Мериот“.

Интересот за да се присуствува на овој настан е огромен, бербери и фризери од речиси сите градови на Македонија бараат влезница повеќе со цел за првпат лично да го видат, да учат и да го запознаат познатиот бербер од Белград. Пред околу 200 гости познатиот виртуоз со ножички ќе демонстрира потстрижување, правење фризури, „цртање“ тетоважи на коса и уште неколку други „магии“ со неговиот алат за работа…

Сите заинтересирани кои сакаат да присуствуваат на ова бербер-шоу потребно е да се јават на телефонскиот број +389 78269942 и да резервираат влезница.

Цената не влезниците се: 1800 денари.

За сите присутни на ова шоу ќе следи и изненадување од организаторите „Колор Медиа“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.