Откако сфатила дека годините ѝ врват, а секој ден сè повеќе и пречи што е сама, 35-годишната адвокатка за корпоративни спорови од Лос Анџелес, Ив Тили-Колсон, решила да направи смел чекор. Таа нуди 5.000 долари на оној кој ќе ѝ најде и ќе ја запознае со партнер.

Пред извесно време сфатив дека ми здосади од излегувња и барање на „вистинскиот“, па на пријателите им реков дека ако ме запознаат со мојот иден сопруг, ќе им дадам 5.000 долари, вели таа.

Добила и уште посмела идеја – да ја сподели својата понуда на Тик ток.

Така, во јуни, Ева ја објави својата потрага по иден сопруг на интернет, по што нејзината понуда собра повеќе од 556.000 прегледи и 25 потенцијални животни партнери преку посредници кои дошле кај неа во желба да освојат пари.

Се уште не сум отишла на ниту еден состанок, вели таа, додавајќи дека посредниците биле главно жени кои ја забележале нејзината објава на социјалните мрежи и кои се „дефинитивно мотивирани да помогнат!“.

Адвокатката била сингл во последните пет години, и иако се среќавала со мажи и онлајн и лично, пандемијата донела промени и во запознавањето и запознавањето.

Мажите веќе воопшто не им приоѓаат на девојките во живо, а повеќето од оние кои ги користат апликациите за пронаоѓање партнер, всушност не бараат ништо сериозно. Затоа верувам дека во денешно време се исплаќа да се платат 5.000 долари за сопруг на некој што ќе го предложи, кој ми излегува пресрет и е подготвен за вистинска врска, објаснила таа.

Но, нејзината онлајн понуда, се чини, не е толку необична, зошто на Тик ток под хаштагот #HelpMeFindHim се собраа милиони вакви практични жени и девојки, но таа е првата што понудила 5.000 долари за посредување.

Она што е важно да се знае, барем за оние кои планираат да се „тркаат“ за 5.000 долари, се строгите услови кои таа ги бара:

5.000 долари ги добивате веднаш штом ќе го потпишеме изводот за брак, не претходно. Условот е секако мажот да е подобен, односно да не е во брак. Исто така, тие можат да бидат на возраст од 27 до 40 години, високи 1,8 m или повисоки. Да имаат британска смисла за хумор, и силни афинитети кон спортот, животните и децата, објаснува таа.

Таа исто така додала дека висината е единственото физичко барање што го има бидејќи е прилично висока, поради што некои мажи во минатото очигледно се чувствувале загрозени и барале од неа да не носи штикли.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.