На Твитер се појави снимка на која се гледа како еден од припадниците на британската Кралска гарда се онесвестил покрај ковчегот на кралицата Елизабета, додека бил во стражата. Гардистот колабирал во раните утрински часови, покрај ковчегот што цела ноќ го посетувале Британците, за да ѝ оддадат почит на починатата кралица.
На видеото може да се види дека неколкумина полицајци веднаш притрчале да му помогнат на гардистот, додека останатите стражари, како што налагаат правилата на нивната служба, продолжуваат да стојат во ист став.
A royal guard at the Queen’s coffin has collapsed. pic.twitter.com/7ROevcLEQ8
— Bad Automatons (@badautomatons) September 15, 2022
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.