Во времето на СФРЈ имало стотици акции и 20.000 локални градилишта.

Младинските акции почнале уште во 1941 година, прво преку собирање оружје и муниција за претстојните битки, а потоа собирање и обувки и облека за борците. Во раните денови на војната била формирана и првата младинска ударна земјоделска бригада, која во период од три месеци собрала 120 вагони пченица и многу овошје и зеленчук.

По војната започнала изградбата на фабрики, канали и електрани.

Во 1946 година, од мај до ноември, била одржана првата сојузна работна акција – изградбата на пругата Брчко-Бановиќи. Во неа учествувале 62.268 млади луѓе и 283 работни бригади. За само шест месеци младинците на Тито изградиле 90 километри железничка пруга, пробиле три тунели со вкупна должина од 600 метри, вклучувајќи го и тунелот Мајевица со должина од 394 метри. Две години подоцна, во 1948 година, започнала ерата на големи операции.

Биле изградени 16 пруги, со вкупна должина од 560 километри, меѓу кои најпознати се Брчко-Бановиќи (90 километри), Шамац-Сараево (242 километра), Добој-Бања Лука (90 километри).

Најголем подвиг била изградбата на автопатот „Братство и единство“, со вкупна должина од 1.066 километри. Учествувале околу 2 милиона млади луѓе, кои во 50-тите години доброволно работеле 135 милиони работни дена. Објектите биле изградени за рекордно брзо време. На пример, автопатот Белград-Загреб од 380 километри бил изграден за помалку од три години.

Младинските акции траеле сѐ до 1990 година, кога биле фрлени лопатите и братството и единството, па почнале да пукаат пушките и младите почнале да пеат други песни.

Извор



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.