Роверот „Curiosity“ на НАСА пронашол докази дека пред неколку милијарди години на Марс постоеле езера. Роверот снимил карпи издлабени од бранови, што научниците ги упатува на постоење древно езеро.

Научниците биле изненадени од пронаоѓањето на толку јасни докази за некогашно постоење на вода во кратерот Гејл.

Ова е најдобар доказ за постоење на вода и бранови, кој го видовме во текот на целата мисија“, вели Ешвин Васавада од институтот „Jet Propulsion Laboratory“.

„Curiosity“ и претходно наоѓал остатоци од солени минерали кои укажуваат на тоа дека оваа планета во минатото била прекриена од езеро.

Во текот на мисијата се качувавме по многу езерски наслаги, но никогаш вака јасно не сме виделе траги од бранови. Посебно е интересно тоа што станува збор за подрачје кое веројатно е формирано во време кога Марс станувал се посув. Остатоците од свлечишта веројатно се најнов доказ за вода“, вели Васавада.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.