Легендарниот океански брод „Кралица Елизабета 2“ (Queen Elizabeth 2) добива сосема нова улога – стана пловечки хотел и ноќен клуб.

Кога беше пуштен во употреба во 1969 година, патничкиот брод „Кралица Елизабета 2“ стана новата луксузна опција за преминување преку Атлантскиот Океан. Бродот пловеше меѓу Саутемптон во Англија и Њујорк во САД до 2008 година, со мноштво познати лица коишто се возеа на бродот, од Нелсон Мандела и членови на британското кралско семејство до Елизабет Тејлор и Елтон Џон.

Меѓутоа, откако беше купен од кралското семејство во Дубаи во 2008 година, почна ново поглавје за овој легендарен брод. „Кралица Елизабета 2“ беше закотвена во Дубаи и претворена во престижен хотел, кој беше отворен во 2018.

Пред неколку дена, пак, на бродот беше додаден уште една новитет – на него е отворен пловечки ноќен клуб, „Флоат Дуабаи“, којшто е најголемиот во светот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FLOAT DUBAI (@floatdubai)

Отворањето беше одбележано како што му доликува на Дубаи – полно со сјај и гламур. Меѓу другите, настапи и раперот Да Бејби, кој ги забавуваше посетителите со длабоки џебови.

Резервација за маса чинеше околу илјада евра, а според британски „Тајмс“, шише од шест литри шампањ „Дом Перињон Розе Голд“ чинел сто илјади долари или околу 86 илјади евра.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.