Комета со јадро 50 пати поголемо од нормалното се движи кон Земјата со брзина од 22.000 милји на час. Вселенскиот телескоп Хабл на НАСА утврдил дека леденото јадро на кометата има маса од околу 500 трилиони тони и е широко 137 километри, што е поголемо од американската држава Род Ајленд.
Сепак, нема причина за загриженост затоа што најблиску што кометата ќе дојде до Земјата е милијарда милји од Сонцето, а тоа ќе биде дури во 2031 година.
Кометата првпат беше забележана во 2010 година, но дури сега Хабл го потврди нејзиното постоење. И таа е поголема од која било комета што астрономите некогаш ја виделе.
Секогаш претпоставуваме дека оваа комета мора да биде голема бидејќи е толку светла на толку голема оддалеченост. Сега потврдуваме дека навистина е – вели Дејвид Џевит, професор по планетарна наука и астрономија на Универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес (УЦЛА).
НАСА ја именуваше ледената комета Бернардинели-Бернштајн по астрономите кои први ја забележаа – Педро Бернардинели и Гери Бернштајн.
Тие првпат ја видоа додека работеа во меѓуамериканската опсерваторија Серо Тололо во Чиле пред повеќе од една деценија кога беше оддалечена три милијарди милји од Сонцето.
Кометите се опишани од НАСА како ледени „лего блокови“, останати од раните денови на „градењето“ на планетата.
Тие нецеремонијално биле исфрлени од Сончевиот систем во гравитационен флипер меѓу масивните надворешни планети. Исфрлените комети се населиле во Ортовиот облак, огромен резервоар од далечни комети што го опкружуваат Сончевиот систем“, се вели во соопштението на НАСА.
Ман-То Хуи, од Универзитетот за наука и технологија во Макао, ја опишува кометата како „неверојатен објект“.
Претпоставувавме дека кометата може да биде доста голема, но ни требаа најдобри податоци за да го потврдиме тоа – вели тој.
Кометата Бернардинели-Бернштајн следи елиптична орбита долга три милиони години, оддалечувајќи ја од Сонцето околу половина светлосна година.
Сега кометата е на помалку од две милијарди милји од Сонцето, паѓајќи речиси нормално на рамнината на нашиот Сончев систем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.