Познатиот актер Џон Траволта му посвети емотивна порака на својот покоен син Џет, кој оваа година би го прославил својот 30 роденден.

Мој најдраг Џети, ми недостигаш повеќе отколку што зборовите можат да опишат. Мислам на тебе секој ден. Среќен роденден. Те сака твојот тато, му напиша Траволта.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by John Travolta (@johntravolta)

Џет почина во 2009 година, кога имаше само 16 години, на семејно патување на Бахамите. Тој имал напад додека бил во када и ја удрил главата на нејзиниот раб. На крајот, домарот го нашол како лежи во онесвестен, по што со Брза помош бил пренесен во болница, каде констатирале смрт.

Џет имал напади од раѓање – тој бил аутист, имал епилепсија и синдром Кавасаки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.