Речиси нема човек кој не ја памети венчавката на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон пред десетина години во Вестминстерската катедрала, а церемонијата ја следеа над две милијарди луѓе низ целиот свет.
Меѓутоа кога медиумите и новинарите си заминаа дома, за младенците тоа беше обична свадба со танцување, пиење и многу дрзок говор на кумот Хари.
Имено важна улога на свадбата на Вилијам имаше неговиот брат Хари кој беше и нивен кум, а во еден момент тој одржал и говор на микрофон исмејувајќи го Вилијам, а Кејт ја натерал дури и да заплаче.
Експертот на британското кралско семејство Кејти Никол во биографијата „Хари, живот, загуба и љубов“, пишува дека свадбата била пријатна за сите, полна со смеа и хумор далеку од медиумите.
-Говорот беше преполн со класичниот хумор на Хари, исмејувајќи го неговиот брат велејќи дека: „Вилијам немал романтична коска во своето тело пред да ја запознае Кејт, па знаев дека е нешто сериозно кога започна да не го остава телефонот од раце“, пишува во еден дел од својата биографија Кејти Никол.
Кога Хари рекол дека десет годишната врска на неговиот брат и Кејт е негова инспирација, Мидлтон речиси и да заплакала, па сите погледи биле вперени кон неа.
Секако Кејт не му останала должна на Хари, па на неговата венчавка во 2018 година со Меган Маркл кога Вилјам бил кум, таа раскажувала вулгарни шеги забавувајќи ги гостите во дворецот Фрогмор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.