Две презентации кои ги опфаќаат можностите за студирање и живеење во Словенија ќе се одржат утре во Скопје.

Организатори на презентациите се националната иницијатива „Студирајте во Словенија“, поддржана од словенечките високообразовни институции и Министерството за образование, CMEPIUS, Центар на Република Словенија за мобилност и европски програми за образование и обука и Erasmus Slovenia.

На презентацијата ќе бидат претставени најголемите словенечки универзитети, а ќе бидат споделени и личните искуства на странските студенти во Словенија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.