Украинскиот театарски и филмски актер Богдан Колесник загина на фронтот за време на борбена мисија. Веста ја објави Државната агенција за филм на Украина на социјалните мрежи.

Талентираниот украински актер Богдан Колесник загина на фронтот додека извршуваше воена мисија – се наведува во соопштението.

По повод трагичната смрт на Богдан, се огласија и многу колеги на младиот актер.

Неодамна на фронтот, еден по друг, загинаа познатите украински театарски и телевизиски актери Андреј Павленко и Василиј Кухарски. Претходно, во борбите загина и актерот Алексеј Килски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.