Тереза Качуела (33), мајка на три деца и сопственичка на „Хаус оф глам“ во Ваипаху, Хаваи беше застрелана во главата од Џејсон Качуела (44) на паркингот во Центарот Перлиџ, пренесува „КИТВ“.
Нејзината ќерка била сведок на пукањето и на полицијата ѝ кажала дека нејзиниот татко го повлекол чкрапалото. Локалните медиуми објавија дека девојчето има 6 или 8 години. Џејсон, наводно, се застрелал веднаш откако побегнал од местото на настанот со сив автомобил марка „мазда“.
Полицијата го испитува трагичниот настан, кој се случи две недели откако судијата го одобри барањето на Тереза Качуела за забрана за приближување.
Во деновите пред убиството, Џејсон постојано се заканувал дека ќе изврши самоубиство. Нему му беше дозволено да стапи во контакт со Тереза Качуела само за старателство над детето.
Мајката на убиената рече дека пукањето можело да се спречи доколку посериозно се сфателе барањата на нејзината ќерка за полициска помош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.