Поранешната премиерка на Финска Сана Марин предизвика бројни реакции кај тамошните медиуми поради една од последните фотографии што ги објави на Инстаграм.

Сана (38), која од неодамна работи како консултант во Институтот Тони Блер, објави серија фотографии со опис: „Случајни фотографии од последните патувања“.

На една од нив таа позираше во градник.

„Сана објави фотографии од патувањето – во бикини на плажа“, „Поранешната премиерка објави храбра фотографија“, „Марин објави фотографија во бикини – леле каква убавица од плажа“, се само некои од насловите кои се појавија во медиумите поради оваа фотографија.

На почетокот на септември Сана Марин се повлече од функцијата претседателка на Социјалдемократската партија со надеж дека ќе го оттргне вниманието од својот приватен живот по четири турбулентни години на чело на партијата.

Таа се појави на насловните страници на списанијата „Вог“ и „Тајм“, има милион следбеници на Инстаграм, а обожавателите ширум светот ја сметаат за пример за прогресивни лидери.

Таа се соочи со неколку скандали за време на нејзиниот мандат, вклучително и излегување во ноќен клуб среде пандемијата, одржување приватни забави во официјална резиденција и доброволно подложување на тестови за дрога, откако видеото од забавата протече во медиумите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sanna Marin (@sannamarin)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.