На Инстаграм профилот на детска амбуланта во Белград осамна духовита порака, која сериозно го отсликува односот на пацинетите кон болестите, лекарите, но и медицината воопшто.

На огласна табла во ходникот медицинските лица им прикачиле порака на пациентите кои прво ги бараат своите симптоми на Google.

Се молат пациентите кои веќе нашле дијагноза на Google да не бараат второ мислење од нас, туку од Yahoo“, стои во пораката која стана вирална и насмеа многу корисници на Инстаграм.

 

Фото: Принтскрин/Instagram



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.