Петгодишно девојче и нејзиниот брат биле пронајдени во станот три дена откако нивните родители починале од труење со кисели краставички.
Роднините на рускиот пар Јакунун, Александар и Викторија, неколку дена не можеле да ги добијат на нивните телефони. Имено, тие ја пропуштиле семејната средба и по неколку телефонски повици се јавила нивната петгодишна ќерка.
Девојчето рекло дека мама и тато заспале и дека веќе долго време спијат, но и дека татко ѝ ја променил бојата. Цело време се грижела за едногодишниот брат.
Наталија, сестрата на Александар, за руските медиуми изјавила дека веднаш по повикот дошла во нивниот стан.
Кога ги видов паднав и почнав да врескам – изјавила Наталија.
По пристигнувањето на полицијата и брзата помош било констатирано дека причина за смртта е труење.
Александар и Викторија неколку дена пред несреќата добиле тегла домашни кисели краставички од неговата баба. Сомневањата се дека причина за смртта е ботулинскиот токсин од краставицата. Предизвикува парализа и, во најлош случај, респираторна инсуфициенција.
Соседот Микаил Комченко во полиција изјавил дека алкохолот не е причина за труењето бидејќи парот не го конзумирал.
За момчето и девојчето моментално се грижи таткото на Александар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.