Пејачката и текстописец Коко Ли почина на 48-годишна возраст откако се обиде да си го одземе животот во текот на викендот.
Ѕвездата родена во Хонг Конг веќе неколку години се бореше со депресија, изјавија нејзините постари сестри Керол и Ненси Ли во изјава на Фејсбук и Инстаграм.
Странските медиуми јавуваат дека нејзината состојба драстично се влошила во последните неколку месеци.
Иако Коко побарала стручна помош и се потрудила да се избори со депресијата, за жал тој демон во неа ја победил, се вели во соопштението на семејството.
Ли се обидела да си го одземе животот дома во текот на викендот и била пренесена во болница, изјавила нејзината сестра.
Таа беше во кома пред да почине денес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.