Египет планира да инсталира уреди за следење на движењето на ајкулите, по минатонеделниот напад во Црвеното Море, објавија локалните медиуми.

Руски турист (28) загина по напад од тигреста ајкула, која го одвлече под водата во градот Хургада на 8 јуни, јави Анадолија.

„По нападот, Министерството за животна средина одлучи да инсталира уреди за следење на движењето на ајкулите во Црвеното Море, особено тигрестите“, пишува весникот „Ал-Масри ал-Јум“.

Овој потег исто така има за цел да ги утврди причините за нападите на ајкулите.
Двајца туристи од Европа загинаа во напади на ајкула во близина на Хургада во 2022 година. Во 2020 година, едно момче од Украина ја загуби раката, а египетски туристички водич остана без нога.

Во 2018 година, ајкула уби и чешки турист на плажа во Црвеното Море. Во сличен напад во 2015 година беше убиен и германски турист.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.