Во супермаркети освен производи за јадење и хигиена, можат да се купат и велосипеди и тротинети, ама сега Лидл отишол подалеку, па нуди можност да си купите кола и да си платите на каса. Сакате во готово или на рати?

Месечна рата изнесува 269 евра а Автомобилот може да се исплати и одеднаш, а неговата цена е 20.330 евра. Полнењето на струја ви е гратис.

Станува збор за Кинескиот електричен автомобил Еларис Фин кој можете да го купите во синџирот супермаркети во Германија,

Лидл е еден од првите супермаркети што им понуди бесплатни полначи на клиентите во Германија. Тие се покажаа толку популарни што германскиот ланец беше принуден да ја намали нивната моќност од 50 на 25 kW. Многу возачи само ги полнеле своите електрични автомобили без да влезат во продавницата.

Малку повеќе за моделот Еларис Фин. Станува збор за електричен автомобил добиен од кинескиот модел Zotye Zhim E30. Тоа е автомобил како Smart ForTwo.

Должината на возилото е само 2,87 метри и има две седишта. Електричниот мотор произведува 48 КС, што е доволно за максимална брзина од 115 km/h.

Батеријата е со капацитет од 32 kWh, а производителот наведува дека досегот на возење е 200 километри.Полнењето до 100% капацитет трае еден час на 30 kW DC полнач.

Полнењето на класичен домашен штекер трае околу пет часа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.