На денешен ден во 1845 година, во селото Лешок, Тетовско, умрел Кирил Пејчиновиќ, македонски писател и просветител.

Своето образование го почнал во манастирската школа во црквата „Света Пречиста Кичевска“, а го продолжил во манастирот Света Гора. Од Света Гора се вратил во Марковиот манастир, блиску до Скопје, каде што почнал да пишува. Подоцна се преместил во манастирот Лешок и таму останал до крајот на животот.

Неговата дејност има големо значење за македонската литература, пред се затоа што пишувал и печател дела на народен јазик. Негови најпознати дела се „Огледало“, печатено во Будим, во 1816 година и „Утешение грешним“, печатено во Солун, во 1840 година, во печатницата на Теодосија Синаитски.

Кирил Пејчиновиќ е роден во селото Теарце, Тетовско, околу 1771 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.