Моштите на светитетелот Преподобен Кирил Лешочки по извршената канонизација во тетовскиот соборен храм „Свети Кирил и Методиј“ сега се поставени во храмот „Свети Атанасиј“ во манастирскиот комплекс во Лешок.

Во внатрешноста на храмот покрај моштите се наоѓа и првата икона со изобразен лик на светителот чие прогласување за светец се изврши во неделата на 16 октомври.

-Верниот народ ќе има можност да пристапи за поклонение до кивотот каде што се изложени светите мошти на светителот и до неговата прва икона. Епархијата замолува за почитување на воспоставениот ред во храмот при посетите на верниците, информираа од тетовско-гостиварската епархија.

Во неделата во Соборниот храм „Св.Кирил и Методиј“ во Тетово архиепископот на МПЦ-ОА г.г Стефан во сослужение со 11 владици и други свештенослужители го изврши прогласувањето за светец на Кирил Пејчиновиќ. Споменот на преподобниот Кирил Лешочки – учител и просветител, ќе се празнува на 25 март по новиот стил.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.