Светиот крст изваден од осветената вода на реката Луда Мара вчера на верскиот празник Водици, денеска ќе биде изложен на градскиот плоштад во Кавадарци. Даруваните пари ќе се донираат за лекување на кавадарчанец.
Нека духот на овој голем празник Богојавление биде поттик за сплотување и обединување, за грижата на целата заедница, за подадена рака, насмевка и љубов на секој еден во заедницата, напиша на „Фејсбук“ 32-годишниот Илија Петров кој вчера го фати крстот во реката Луда Мара.
Петров веќе 15 години учествува на манифестацијата за Богојавление-Водици, а втор пат успева да го фати крстот.
Крстот, како што напиша тој во објавата, ќе биде изложен од 9 до 15 часот, а сите собрани средства ќе бидат донирани за лекувањето на кавадарчанецот Бошко Јанкулов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.