Сите осум патници се спасени од кабината на жичарата која повеќе од 15 часа висеше на 400 метри над провалијата во Пакистан.

Седум деца на возраст од 11 до 15 години и нивнито наставник останале заробени во гондола откако една од сајлите им се скинал додека патувале на училиште.

Две деца беа спасени со хеликоптери во текот на денот, пред другите да бидат извлечени на безбедно преку зип-лајн за време на ризична ноќна операција.

На застрашувачките снимки што беа објавени, може да се види како патник виси од јажето прикачено на хеликоптерот пред да биде вовлечен во леталото.

На фотографиите се гледаат децата по спасувањето, уморни и исцрпени, додека на некои од нив им била укажана лекарска помош.

Децата оделе на училиште со жичара во северозападен Пакистан, во планинскиот дел на земјата.

Жичницата поврзува две населени места и има две сајли од кои едната пукнала.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.