Меѓународен тим научници во јужна Кина откриле целосен фосил на подводен рептил „Диноцефалосаурус ориенталис“ (Dinocephalosaurus orientalis).

Фосилот е стар 240 милиони години и веќе е наречен „змеј“, бидејќи има исклучително долг врат. Тој е долг пет метри и му припаѓал на геолошкиот период Тријас.

Видот „Диноцефалосаурус ориенталис“ е првично идентификуван во 2003 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.