Хуманитарниот стенд-ап настан посветен на новинарот Саше Димовски се преместува во хотелот „Глориус“ на езерото Младост, бидејќи веќе се продадени 500 карти.

Актерот Стефан Николовски, кој е само еден од настапувачите, соопшти дека специјалниот гостин е шоуменот Игор Џамбазов, а настапувачите кои се веќе потврдени се мајсторите – Сашко Коцев, Весна Бејби Петрушевска, Тино Костадиновски и Атанас Атанасовски.

Картата е 300 денари, може да се резервира на телефонскиот број 078/423-401.

30 ноември, среда, 19:30, хотел Глориус. За Саше!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Stefan Nikolovski (@stnikolovski)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.