Џенет Валенти (77) од Њујорк пред 31 година на лотарија освоила џекпот од 12 милиони долари, но никогаш не ги подигнала парите.
Жената тврди дека пред 31 година имала добитно ливче со броевите 2, 3, 6, 43, 46 и 52, но дека го фрлила во канта за отпадоци заедно со недобитните тикети.
Оваа грешка ја чинела неверојатна сума пари, но таа вели дека контактирала со локалните лотарии. Сепак, од лотаријата објасниле дека наградата може да ја побара само сопственикот на тикетот кој лично ќе го донесе.
Сè уште играм Лото, но добивките ми се мали, само неколку долари или кусур – објаснува жената.
Во тој јули 1991 година, Џенет брзала да излезе од дома со двете деца и мајка си и во тој хаос добитниот тикет по грешка го фрлила во ѓубре. Таа отишла кај пријател за викенд и кога се вратила дома се обидела да си го најде тикетот, но за жал не успеала.
Оваа награда е вратена во фондот на државната лотарија една година подоцна и се смета за рекордна сума во историјата на Њујорк.
Џенет објасниува дека долго време била „болна“ поради грешката што ја направила, но и дека научила да „не жали“ поради тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.