Осумгодишно девојче од Германија најголемиот дел од животот било изолирано од светот затоа што семејството седум години ја држела затворена во куќата.
Во септември, девојчето било пронајдено во домот на нејзината баба и дедо во Атендорн, западна Германија. Како што пишува Euro news, семејството не сакало девојчето да живее како нејзините врсници, па не го пуштале да оди во градинка и училиште.
Германските медиуми јавуваат дека девојчето седум години било затворено во куќата во изолација и дека сега ѝ е тешко нормално да оди и да се качува по скали. Осумгодишното девојче сега е привремено сместено во згрижувачко семејство и е во добра состојба. Лекарите кои ја прегледале не откриле знаци на физичко малтретирање на нејзиното тело.
Јавното обвинителство во Зиген сега води истрага против мајката, бабата и дедото за изолирање на девојчето. Извештаите за случајот сугерираат дека по разводот, мајката се обидела да го скрие девојчето од нејзиниот татко. Мајката наводно тврдела дека со ќерката се преселила во Италија во 2015 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.