Во организација на Нуркачкиот Центар АМФОРА од Охрид се реализира голема меѓународна еколошката акција за чистење на Охридското Езеро од цврст Отпад ,,ОХРИД ЕКО 2022,,

Акцијата се изведе на три локации: Градско Пристаниште, Авто камп Градиште и Музеј на вода.

На акцијата зедоа учество над шеесетина нуркачи од Република Македонија како и нуркачи од Република Хрватска, и Република Србија Ronjenje Triton , со свој допринос учествуваа и Културолошка иницијатива 5 до 12 – Охрид и Енхелеус Лихнид – Enheleus Lihnid.

Од дното на езерото се извади огромна количина на разновиден цврст отпад како што се пластични шишиња, лименки, автомобилски гуми, градежен шут …

Загрижува тоа што иако се смалува цврстиот отпад во езерото како резултат на изведување на вакви акции со цел подигнување на јавната еколошка свест кај граѓаните сепак од долгогодишното секојдневно нуркање и пратење на состојбата на езерото најголемата девастација доаѓа преку реките кои се вливаат во езерото и носат огромни количини на отпад, би сакал да потенцирам дека со реализација на проектот ,,Нуркачка еко патрола,, пред неколку години дадовме предлог да се изградат мини брани со кој во голема количина ќе се намали цврстиот отпад во езерото, а со една и единствена цел вистинска заштита на Охридското Езеро.

Проектот “Охрид Еко 2022” финансиран од Општина Охрид, но посебно радува што голем допринос во реализација на истиот дадоа Јавните претпријатија од Охрид, хотелиери, државни институции, еколошки друштва како и приватни претпријатија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.