Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ официјално се разведоа по 16 години брак, а оваа вест пејачката ја сподели преку својот Инстаграм профил. Разводот доаѓа по долгогодишни медиумски шпекулации, скандали и турбуленции околу нивната врска.
Со разводот и официјално заврши приказната за еден од најпознатите парови на српската јавна сцена, а Јелена во својата порака истакна дека и покрај се‘, сепак го почитува Душко и нивното заедничко минато.
Иако нивните проблеми беа тема на многу медиумски наслови, Карлеуша секогаш нагласуваше дека Душко ќе остане дел од нејзиниот живот поради нивните деца и долгогодишната врска.
Оваа објава предизвика голем одзив кај нејзините следбеници, кои искажаа поддршка и разбирање во овие тешки моменти за пејачката.
„Потпишав спогодбен развод после 16 години. Сама. Наспроти мене на сликата се мојот адвокат Милан Атељевиќ и овластениот адвокат на мојот поранешен сопруг кој не дојде. Не прашав зошто. Поради различни медиуми и социјални шпекулации, ќе додадам дека сиот заеднички имот (стекнат во брак) е за нашите деца. Старател на нашите деца Атина и Ника сум јас.
„Другата страна“ немаше поинаков предлог. Иако некои многу мудри велат дека за доброто на децата бившите сопружници треба да бидат во коректни односи, јас веќе не сакам никаква врска или контакт со претходниот период од животот освен ако се работи за живот или смрт. Во тој случај веројатно ќе умрам. Бидејќи, секој може данаправи деца, тоа е лесно, секој може да се ожени, но не може секој да биде сопруг. Мажот е тој што стои до сопругата како што се вели при потпишувањето на брачниот договор – во добро и во лошо… а мене за или за среќа, животот ме „награди“ со сила да ги надминам сите проблеми, подеми и падови, низ морето зло, солзи и лоши работи сите изминати години… Одам сама“ – напиша Јелена и продолжи:
Знам. Тешко е да застанеш до мене, тешко е да одиш до мене и уште потешко е да застанеш пред мене. Претпоставувам затоа што сум многу страшна. Често велат дека сум ЛУДА, веројатно се во право. Отсега до мене може да застане само ЛУД како мене, како што знам јас, лудо да сака, дури и кога цел свет ме мрази. Немам што повеќе да додадам драги судија – заклучи таа во објавата
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.