Бранислав Анѓеловиќ Бане, поранешен член на популарната група „Рокери с Мораву“, почина на 76 години. Бане е роден во 1946 година, а тој е и еден од основачите на легендарната група. Групата ја напушти по 11 години заедничка работа, а јавноста го знаеше како Бане – Ќора.

Рано утрово го загубивме татко ми Бане, музичка легенда на Балканот. Имаше операција на колкот, меѓутоа, се зарази со корона, а компликациите довеле многу брзо до негова смрт. Бане ќе го паметат милиони фанови, од неколку генерации, кои сите уживаа во скечевите на „Рокери од Мораву“ и рок-фолк пародиите по кои беа добро познати. Тато, се надевам дека ќе почиваш во мир и ќе си на подобро место“, објави Дијана на „Фејсбук“.

Многумина и денес се сеќаваат на неговите големи хитови како „Дај риба“, „Мали Милоица“, „Ставил Љубиша пиво да се лади“, „Сењорита порфавор“ и многу други.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.