На Јелена Јојиќ(35), белградската мадам која е уапсена поради сомнеж дека посредувала меѓу клиенти и проститутки и за тоа земала 40 проценти заработка, полицијата и ги одзела двата мобилни телефони преку кои ја водела работата. Меѓу девојките кои работеле за неа, а меѓу нив имало познати пејачки, старлети веќе апсени за проституција, но и една мисица, завладеала вистинска паника.

Според информациите, клиенти на Јојиќ и биле бројни познати поранешни и сегашни фудбалери, бизнисмени, политичари, но и поранешно момче на една пејачка. Наводно тие биле толку задоволни од нејзините услуги и дискреција, што ја честеле и со по неколку илјади евра, задоволни од девојките кои им ги праќала.

Цената на услугата за час, кои го наплатувала како обичен и орален секс била од 1.000 до 1.500 евра, а за ноќ клиентите плаќале и по 5.000 евра со девојка. Цените биле далеку повисоки за клиентите кои еден час или ноќта сакале да ја поминат со неколку девојки. После завршената работа проститутките сами ги земале парите од клиентите и на Јелена и давале 40 отсто, пишува српски Курир.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.