Објавена е винопедиа, онлајн винска карта со винарии низ Македонија која овозможува посебно да се прикажат малите семејни винарии од останатите комерцијални винарии.
Винопедиа е првата македонска винска енциклопедија и винска географска карта. Квалитетот и сигурноста на објавените информации е обезбедена со поддршка и соработка со УКИМ Факултетот за земјоделски науки и храна – 75 Години ФЗНХ, Катедра за лозарство и винарство и Институтот за овоштарство, лозарство и винарство со професорите д-р проф. Михаил Петков и доц. Златко Прцуловски.
На винската карта покрај винариите во соработка со НУК – Независната угостителска комора мапирани се и значајни туристички и историски дестинации, вински продавници и вински музеи, како и угостителски објекти – хотели и вински ресторани кои нудат специјализирани вински дегустации во комбинација со македонски врвни гастрономски специјалитети за љубителите и истражувачите на винските дестинации, велат тие.
Во подготовка се англиски печатени верзии на вински карти која ќе бидат издадени наредниот период. Винските карти ќе послужат на транзитните патници и останати туристи што ќе престојуваат во Македонија да се информираат повеќе за винариите, винските рути и винската понуда од македонските семејни и останати винарии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.