Актерот Џеф Даниелс е можеби најпознат по својата улога во хит-комедиите „Глупавиот и поглупавиот“ покрај Џим Кери, но сега името на глумецот влезе и во науката. Тукушто откриен паразит е именуван по него.
Научници од Универзитетот „Риверсајд“ во Калифорнија откриле нов вид црви. Тоа е еден од повеќе од 25.000 видови тенија, но и таков што ги напаѓа тарантулите и на тој начин ги уништува. Универзитетот од САД потврди дека „taranarantobelus jeffdanielsi“ е новооткриениот паразит.
Тие одлучија да го именуваат новооткриениот вид по Даниелс како признание за неговата улога на д-р Рос Џенингс во филмот „Арахнофобија“ од 1990 година, во којшто неговиот лик спасува град во Калифорнија од наезда на пајаци, објаснува паразитологот Адлер Дилман – главен истражувач при откритието.
Кога првпат слушнав дека новооткриен црв е именуван по мене, си помислив: „Зошто? Дали има сличност? …Искрено, на почетокот бев малку загрижен, но потоа бев благодарен за честа што ми е укажана од луѓето областа на паразитологијата – изјави глумецот.
Научниот труд за паразитот е објавен во понеделникот во „Журналот“ за паразитологија (Journal of Parasitology).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.