Пиварите од германската покраина Баварија, поради војната во Украина, речиси и да не испорачуваат пиво во Русија.

Според податоците на Баварската земјоделска асоцијација, извозот на пиво во Русија речиси е целосно запрен.

Портпаролот Лотар Еберц за „Билд“ информираше оти во јануари извезени се околу 77.477, а во февруари 78.797 хектолитри пиво во Русија.

– По почетокот на војната во Украина, значително опадна извозот на пиво во Русија. Во март на околу 47.313, а во јуни на 23.249 хектолитри, наведе Еберц.

За пиварите, запрен извоз во Русија е посебен проблем затоа што taa dr\ava, по Италија, е најголема извозна дестинација за пиво од Баварија.

Минатата година Баварија извезе околу 950.000 хектолитри пиво во Русија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.