Илон Маск, сопственикот на популарната социјална мрежа Твитер, презема нови чекори за борба против измамничките активности на платформата.

Пред да ја напушти функцијата извршен директор на Твитер, тој планира да воведе ажурирање што ќе го промени начинот на испраќање директни пораки.

Конкретно, оваа промена ќе ја ограничи можноста за испраќање директни пораки до корисниците кои не го следат испраќачот, а функцијата ќе биде достапна само за претплатниците. Оваа промена доаѓа како одговор на зголемениот број на ботови со вештачка интелигенција на платформата.

Маск за ова зборуваше за прв пат во еден од своите твитови, каде истакна дека промените ќе бидат видливи веќе оваа недела. Тој, исто така, истакна дека социјалните мрежи се соочени со зголемен предизвик да ги разликуваат вистинските корисници од ботови со вештачка интелигенција и дека таквиот систем за верификација, како воведувањето на плаќањата, драстично ќе ги зголеми трошоците за користење ботови.

Корисниците на Твитер веќе имаат можност автоматски да ги отфрлат сите директни пораки од корисниците кои не ги следат, што досега значително помогна во справувањето со проблемот со пораките за измама.

Tвитер нуди и премиум услуга позната како Twitter Blue, која на корисниците им овозможува дополнителни бенефиции, како што е можноста за уредување твитови и објавување подолги пораки, за годишна претплата од 120 долари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.