Марина, денеска кога се набележуваат 6 месеци од твоето заминување од овој суров свет, полн со лаги, невистини и неправди, не можам да ја прежалам твојата смрт и не можам да прежалам што не можев да те испратам онака како што ти заслужуваше и што не можев да те видам и гушнам пред да заминеш, а ти знаеш колку јас и ти моја драга Зики ( така си се викавме), сакавме да се гушкаме, да си споделиме наши тајни и секогаш ми даваше совети…Жалам и се каам што во 2010 година не те послушав, за еден човек за кој ми кажа дека најдобро ќе биде за мене да го тргнам од мојот живот, бидејќи само ќе ме искористи и емотивно и материјално и така бидна, баш како што ти велеше дека тој човек е како куче касапско, навикнато на месо, застанато пред касапница….Но времето не се враќа назад, но затоа иднината ни дава шанса да ги поправиме грешките и исправено да продолжиме понатаму, оптимистично и одлучно, па ќе биде онака како што ти секогаш кажуваше, “Биче све добро и биче што че бити”, се додава во објавата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.