Во Црна Гора заврши 12-от натпревар во лежење, којшто традиционално го организира Eтно село Монтенегро во Брезна. Титулата ја понесе Жарко Пејановиќ, познат како Кнеле од Подгорица, кој лежеше приближно 60 часа.

Не беше тешко. Верувајте, не се ни „загреав“… Но, не сакав да одам на соборување на рекордот. Тоа ќе го направам следната година, за кога е планиран натпреварот на кој ќе учествуваат сите досегашни победници, изјави тој за медиумите.

На натпреварот годинава учествуваа девет натпреварувачи, а последни останаа Пејановиќ и Вук Кољеншиќ од Даниловград.

Како што неофицијално беше соопштено, имало преговори и за поделба на титулата, но Пејановиќ бил решен да го освои првото место и наградата од 350 евра.

Рекордот го држи Дубравка Алексиќ, исто така – од Подгорица, која лани лежеше 117 часа.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.