Покрај избалансираната исхрана, квалитетниот сон е исклучително важен, што често знаеме да го потцениме. Низ стресниот и динамичен живот, се повеќе луѓе имаат проблеми со несоницата и недостаток на сон.
За организмот да акумулира доволно енергија потребно му е во просек 7-8 часа непрекинат сон. Скоро сите знаеме дека пред спиењето треба да се избегнуваат напитоците како кафето или енергетските пијалоци, но поединечни напитоци се препорачувааат за да можете полесно и побрзо да паднете во длабок сон.
Вода
Со водата не можете никогаш да погрешите – многу луѓе покрај креветот ставаат литро вода. Таа нема шеќери, ниту калории, а ефикасно ја гаси жедта. Пијте што повеќе вода преку денот, како би го хидрирале телото.
Билни чаеви
Билните чаеви делуваат смирувачки на организмот. Посебно се препорачува чај од босилок кој ефикасно го намалува нивото на кортизол (хормонот на стрес).
Исто така, чаевите од валеријана, камилица или пеперминт се сјајни извори.
Млеко
Загреаното млеко пред спиење е делотворно. Го смирува организмот, а како би го неутрализирале вкусот на лактозата, можете да додадете лажица мед, цимет или каранфил.
Сок од цреша
Сокот од цреша без додавање на засладувачи им помага на лицата кои патат од несоници. Истражувањето кое е спроведено над испитаницие кои имале 50 години, се покажало дека оние кои два пати дневно пиеле сок од цреша спиеле подолго, во просек 84 минути, од оние кои не го консумирале овој пијалак. Црешите се богати со корисни состојки поврзани со здравиот сон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.