Пол Џорџ и Данијела Рајиќ стапија во брак, но нивниот однос не бил секогаш идиличен.
Тие се запознале во Мајами 2015 година, додека Србинката Данијела работела како го-го танчерка и стриптизета, а се гледале неколку месеци пред да биде откриено дека Данијела затруднела.
Следувал турбулентен период во кој дури завршиле и на суд, а наводно кошаркарот и нудел милиони како би абортирала.
Сепак на крајот најдоа заеднички јазик, започнаа нов живот, се свршија и стапија во брак.
Данијела често на социјалните мрежи става фотографии од приватниот живот, па така на Инстаграм завршија и оние на кои се гледа дека таа Пол го храни со српски специјалитети.
Нема сомнеж дека сармата и убаво филуваните обладни биле решавачки славниот кошаркар да остане покрај така добра домаќинка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.