Мексиканската пејачка Ирма Лидиа (21) ја убил нејзиниот сопруг во ресторан во Мексико Сити, известија локалните медиуми.

Ирма Лидија која само што ја почна нејзината музичка кариера трагично го загуби животот откако во неа пукал нејзиниот сопруг, 79-годишниот Хесус Ернандес Алкочер.

Човекот три пати пукал во својата сопруга. Приведен е заедно со друга жена која го придружувала – изјави Омар Гарсија Харфуч, секретар за безбедност на Мексико Сити.

Според сведоците на настанот, по расправијата мажот пукал во пејачката, а потоа се обидел да ја поткупи полицијата да го пуштат да побегне.

Покрај за убиството, Алкочер добил пријава и за подмитување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.