Научниците идентификувале нова потенцијална терапија за Ковид-19, а тоа е биолошка супстанца произведена од модифицирани клетки од човечка кожа, пишува „Сајенс Дејли“.

Научниците откриле дека супстанцијата може да го спречи САРС-КоВ-2, вирусот што предизвикува Ковид-19, да се репродуцира самостојно, додека ги штити инфицираните клетки кога се тестираат на клетките на човечките бели дробови.

Иако истражувањето е во рана фаза, ова откритие отвора можност за нови терапии за пациентите со Ковид. Деталите од истражувањето се објавени во списанието „Биоматериалс енд Биосистемс“ (Biomaterials and Biosystems).

Бевме изненадени кога откривме дека оваа потенцијална терапија го запира новиот пат на репликација на вирусот и во исто време ги штити инфицираните клетки – вели водечкиот автор на студијата, д-р. Ахмед Г. Ибрахим, доцент на Институтот „Седарс-Синаи“ во Лос Анџелес.

Во моментов има неколку третмани за Ковид-19, но сите првенствено се насочени кон спречување на размножувањето на вирусот.

Новиот потенцијален третман спречува репликација и во исто време го заштитува и поправа погоденото ткиво, што е важно затоа што симптомите што се развиваат во случај на Ковид-болест може да траат долго по исчезнувањето на вирусната инфекција.

Потенцијалната терапија што се истражува во студијата ја реализираа научниците користејќи клетки на кожата – дермални фибробласти, масни клетки кои природно го подобруваат колагенот и произведуваат протеински молекули кои ја штитат бариерата на кожата.

Тие биле во можност инженерски да ги модифицираат за да создадат терапевтски екстрацелуларни везикули. Тоа се наночестички кои служат како систем за комуникација помеѓу клетките и ткивата.

Фибробластите овозможија лачење на екстрацелуларни везикули, кои успеваат да го поправат ткивото.

Во претходните експерименти на лабораториски глувци, истражувачите докажаа дека екстрацелуларните везикули можат да го поправат оштетувањето на срцето и белодробното ткиво и мускулите.

Кога почна пандемијата на Ковид-19 во 2020 година, научниците почнаа да истражуваат дали екстрацелуларните везикули можат да дејствуваат како лек против САРС-КоВ-2.

Студијата е спроведена во соработка со научници од УЦЛА (Универзитет во Калифорнија, Лос Анџелес), еден од најселективните универзитети во САД.

Експертите ги тестирале везикулите со нивна примена на епителните клетки на човечките бели дробови, кои го обложуваат белодробниот тракт и ги таргетираат инфекциите со вирусот САРС-КоВ-2.

Тие откриле дека везикулите го спречуваат започнувањето на воспалителен процес кој може да резултира со клеточна смрт. Во исто време, откриено е дека клетките произведуваат помалку АКЕ протеин кој користи САРС-КоВ-2 за да инфицира други клетки.

Истражувачите потоа го споредиче новиот потенцијален третман за ковид со ефектот на ремдесивир, лек кој моментално се користи за лекување на Ковид-19, и открија дека ремдесивир не го инхибира производството на АКЕ.

Наместо тоа, ремдесивир го спречува вирусот да фати протеин наречен AКE2, што значи дека екстрацелуларните везикули можат да бидат уште еден начин да се спречи вирусот да навлезе во клетките.

Вирусите немаат своја „машина“ која им овозможува да навлезат во клетките, па затоа користат протеини. Веруваме дека таргетирањето на AКE протеините е само еден од начините на кои САРС-КоВ-2 ги инфилтрира клетките, ги „граби“ нивните генетски информации и ги реплицира во телото – објаснува Ибрахим.

Се чини дека екстрацелуларните везикули успеале да го запрат процесот на „крадење“ генетски информации.

Оваа потенцијална биолошка терапија за Ковид-19 е нова по тоа што има два аспекта: ги штити инфицираните клетки, што не го прави ремдесивир, а во исто време ја спречува репликацијата на вирусот – вели коавторот на студијата д-р. Едуардо Марбан, извршен директор на Институтот Седерс-Синаи.

Научниците веруваат дека новата терапија би можела да се користи во синергија со ремдесивир, имајќи предвид дека тие делуваат на различни молекули со ист резултат – спречување на вирусот да навлезе во клетките.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.