Почнува второто полугодие. Седнете со вашето дете и објаснете му дека да се биде многу високо, ниско, дебело, слабо не е причина за смеење…Или дали ученикот носи очила или исти чевли секој ден, порача наставникот Гоце Бумбароски од Прилеп, споделувајќи моќна порака до родителите.
Објаснете му на вашето дете дека стариот ранец ги носи истите соништа како и новиот.
Ве молам научете го вашето дете да не исклучува никого затоа што е сиромашно или „различно“.
Објаснете му на вашето дете дека малтретирањето боли и дека на училиште оди за да УЧИ, НЕ за да се натпреварува.
Сите имаме еднаква вредност.
Воспитувањето започнува од дома!, вели тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.