НАСА објави фасцинантни фотографии од Јупитер испратени од телескопот Џејмс Веб.
Вселенскиот телескоп Џејмс Веб ги направи фотографиите во јули, фаќајќи невидени погледи на северниот и јужниот пол на Јупитер и поларната маглина.
Големата црвена дамка на Јупитер, бура доволно голема за да ја зафати нашата Земја, јасно се издвојува покрај безброј помали бури.
Никогаш не сме го виделе Јупитер ваков. Сето тоа е прилично неверојатно, вели планетарниот астроном Имке де Патер од Универзитетот во Калифорнија, Беркли.
Таа помогна да se води набљудувањето.
– Да бидам искренa, не очекувавме дека ќе биде толку добро, додаде таа, пренесува „Гардијан“.
– Неверојатно е што можеме да ги видиме деталите на планетата, заедно со нејзините прстени и мали сателити, па дури и галаксии, сето тоа на само една фотографија, додаде Имке де Патер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.