Пет лица загинаа во вчерашните силни невремиња кои прво удрија во Хрватска, а потоа и во БиХ и Србија. Според српскитот метеорологот Иван Ристиќ, градобијната заштита не помага кај ваквите таканаречени суперклеточни бури и единствено решение е луѓето да ги осигураат домовите и возилата.
Помош нема, освен да се тргнеме од улиците и да чекаме да помине невремето. Најопасниот момент е токму тој прв налет на ветрот, кога за кратко време од мирна состојба достигнува брзина и до 100 километри на час, а потоа се случуваат најголемите налети. Првите пет минути од невремето се најопасни, тогаш имаме ситуации кога паѓаат дрвја, летаат покриви итн. Во текот на првите пет минути се случува најголемото забрзување и најголемите сили дејствуваат на предмети и луѓе. Како што температурата полека почнува да паѓа, дождот паѓа посилно, ветрот слабее, објаснува Ристиќ за „Курир.рс“.
Тој вели дека вчерашното невреме започнало во Словенија и дека облакот се развил и брзо се движел, а за два часа неговиот дијаметар веќе бил 100 километри. И во Хрватска направи невиден пустош. Загреб беше под силен удар на разорната моќ на суперклеточната бура.
Бурата се движеше со брзина од 100 километри на час, што е ретко. Во 16 часот беше и во Загреб, а само четири часа подоцна стигна до Белград, што е многу голема брзина за еден облак. Ветрот во Загреб дуваше со 110 километри на час, имавме ветрови со ураганска сила. Во Белград ударите на ветрот беа околу 100 километри на час. Утре не очекува невреме, но класично, односно невреме со дожд и град. Оваа суперклеточна бура повторно се очекува во сабота попладне околу 18 часот, како и следната среда. На луѓето им се советува да не излегуваат од дома во тој период. Кога ќе ги забележат облаците, тоа е предупредување дека е близу невремето и дека треба да се тргнат од улица. Најважно е да не бидат на улица, да не ги остават возилата под дрвја. Единствената заштита е луѓето да ги заштитат своите домови и возилата, советува Ристиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.