На 6 и 7 април во хотел „Мериот“ ќе се одржи меѓународен танцов натпревар DIAMOND, а Скопје ќе ги собере најдобрите танчери од регионот и пошироко. Меѓународниот танцов натпревар е во организација на Сара и Нермин Кочан сопственици на инклузивното танцово студио Dancers United, а на натпреварот ќе настапат над 1500 танчери од Македонија, Унгарија, Полска, Србија, Босна и Херцеговина, Грција, Романија и од Хрватска.
DIAMOND има за цел да инспирира, плени и обезбеди неверојатен приказ на уметничките способности, вистински славејќи го танцот во неговите многубројни форми и категории. Долгогодишното искуство како танчери, тренери, сертифицирани меѓународни судии, учество на многу национални, европски и светски натпревари беа ни беа повеќе од доволна причина и мотив да го мапираме Скопје како град во кој ќе има меѓународен танцов натпревар подготвен по сите светски стандарди, велат организаторите.
На натпреварот кој ќе трае два дена ќе учествува судиска комисија од 20 искусни судии, од кои 10 национални и 10 меѓународни судии, кои ќе обезбедат правична и точна евалуација на натпреварувачите. Ќе имаме можност цели два дена да уживаме во кореографиите на класичен балет, модерен балет, латино и стандардни танци, акробатски танц шоуа, хип – хоп, инклузивен и пара танц, диско и уличен танц…
Придружете ни се во нашата страст за танцот и бидете дел од оваа неверојатна приказна.
Натпреварот е поддржан од Светската танцова уметничка федерација и Националниот танцов сојуз, порачуваат организаторите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.